Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Белиот кловн

Дамир Милош  




Оригинален наслов на книгата : Bijeli klaun
ИСБН : 978-9989-59-369-7
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Блесок
Прегледaна: 889 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 150
Димензии : 130x200
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Книгата „Белиот кловн“ од Дамир Милош, често наречена хрватскиот „Малиот принц“ ја има илустрирано Ловро Артуковиќ. Илустрациите се црно-бели зашто момчето од овој роман не разликува бои, а во решавањето на тој проблем му помага еден старец кого го сретнува во шума. Како и секоја добра книга за деца, и оваа е воедно книга и за возрасни. Тоа е приказна за еден подлабок далтонизам, далтонизам на секојдневието, за конформизмот на мислењето, површноста на нашите реакции. За кловнот, кој е успешен само кога е тажен и предизвикува чудење; зашто, да се зачудат луѓето стана неспоредливо потешко отколку да се предизвика нивната смеа.
Слаѓана Буковац

Момчето светот го набљудува со визура на сериозност и чудење, и единствено што може да види е потполно сивило: луѓето кои го изгубиле системот на вредности и, во брзаница да натрупаат што повеќе пари, забораваат на смеата, добрината, љубовта и убавината; гледаат сиви и валкани градски улици на кои немилосрдно брзаат безброј автомобили... А кога со помош на Старецот ја спознава сопствената боја, белата, бојата на детството и невиноста, Момчето во облека на кловн – потполно бел, само со сина солза на образот, си оди од циркусот, чекори низ светот, ги гледа луѓето и се чуди. А се зборува дека белиот кловн ќе оди низ светот сe додека околу него не живеат среќни луѓе.
Кристина Петернаи

Прочитајте ја книгата и поздравете го детето во себе. Вие како дете, со детето од приказната појдете, рака под рака, во потрага по своите бои и по оние луѓе кои ќе имаат време да ја побараат својата среќа. Потсетете се како се гледа со затворени очи, како се пронаоѓаат боите во она што е сиво.
Андреа Хрибар


Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote