Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Возовите на Луцерн

Лилјана Пандева  




Оригинален наслов на книгата : Возовите на Луцерн
ИСБН : 978-608-4641-02-5
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : ПНВ Публикации
Прегледaна: 504 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 158
Димензии : 12,5 x 19
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Романот Возовите на Луцерн е структуриран во три целини именувани според местото на престој и работа на штотуку дипломирана девојка од Македонија, која тргнува во белиот свет по тривијална потрага по лебот насушен, но и со софистицирана цел да го усоврши францускиот јазик. Оваа дијаметрална спротивставеност распната меѓу можностите и желбите се претвора во своевиден уметничколитературен триаголник со семиотичкото вклучување на една мошне експлоатирана тема во современата светска книжевност - потрагата по сопствениот идентитет. Притоа, во романот на Пандева не станува збор за обична потрага по идентитетот, личниот, емотивниот, интелектуалниот и пред се, националниот, туку за грчевито одржување на сопствениот идентитетски спектар.

 

Возовите на Луцерн е пишуван во јас-форма, која овозможува незабележителни премини од одделни периоди во животот, младоста, детството, сегашноста, и нивна концентрација во точно определен, но сепак изопштен простор - Швајцарија. 

 

Секоја глава во романот има свој лик  кој е центар на раскажувачката постапка. Јас-раскажувачот е само пренесувач на животни приказни кои се отсликуваат преку палета од носечки ликови од сиот обичен свет собрани во литературниот свет на јас-нараторката.



Оценка од корисниците

5 звезди

2

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
2

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote