Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Ејми ја нема

Џилијан Флин  




Оригинален наслов на книгата : Gone Girl
ИСБН : 9786084672180
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Сакам Книги
Прегледaна: 7708 пати
Коментари вкупно: 2
Број на страни: 450
Димензии : 21х13
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Бракот може да биде вистински убиец... 

Едно топло летно утро во Мисури, Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак. Се замотуваат подароци, се прават резервации во ресторани, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство... 

Ник, сопруг на годината, не изгледа воопшто загрижено и исплашено за исчезнувањето на неговата сакана жена, но добро, секој што ќе го прочита нејзиниот дневник ќе открие дека алфа девојката перфекциониста би можела да извади од кожа секого. Додека целиот град ја жали и оплакува прекрасната исчезната девојка, нејзиниот сопруг презентира несоодветно однесување и бескрајна низа лаги и измами. Ник е сомнителен и дефинитивно огорчен, но дали навистина е убиец? И добро, ако тој навистина е невин како што тврди, тогаш каде е неговата прекрасна жена? И што има скриено во сребрената украсна кутија во плакарот во нивната спална соба? 

Ејми ја нема е еден од најдобрите - и најзастрашувачките - портрети на психопатија кои постојат. Манипулативна, безмилосна, мрачна. Еден маж, една жена, еден брак и една љубов какви што досега не сте виделе... 

Ѓаволски интелигентен и мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, веднаш по завршувањето на последната страница.


Оценка од корисниците

5 звезди

11

4 ѕвезди

2

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
4,8
13

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

18.10.2016 19:36:46   Слаѓан Бишковски напиша

мрачен психолошки трилер кој ќе ве натера повторно да почнете да ја читате книгата уште еднаш, многу добра книга :)
07.05.2013 12:35:27   Anonymous напиша

Страшно добра книга. Ја препорачувам на сите.
Copyright 2012-2018 by iVote