Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Римската љубовница

Кејт Квин  




Оригинален наслов на книгата : Mistress of Rome
ИСБН : 608-219-033-5
Година на издавање : 2011
Издавачка куќа : СИЛСОНС
Прегледaна: 1682 пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 593
Димензии : 20 cm
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Книгата „Римската љубовница“ е книга која ќе ве освои уште со првите прочитани страници, приказна која се случува во првиот век од новата ера, во Рим кој во тоа време бил град на крвави војни, борби со гладијатори и град на пороци. 

Младата Теа е робинка од Јудеја - Еврејка која е купена за да ѝ служи и да ја забавува злобната Лепида Полија. На тој начин таа ќе стане соперничка на својата господарка во љубовта за освојување на срцето на гладијаторот Ариј Барбарин. Тој е најновиот и најопасниот гладијатор во Рим. Теа успева да го омекне неговото срце, но во исто време таа ќе ги доживее моментите на голема среќа, но ќе ја доживее и својата најголема љубов.

Но нивната среќа завршува кога за тоа ќе открие љубоморната Лепида. Таа младата Теа ја продава за да биде проститутка, но Теа наскоро дознава дека носи дете на Ариј, па е продадена на господинот Ларциј кој во неа го препознава нејзиниот талентот за пеење и ја учи да свири на лира. Лепида се мажи за Марко кој е дупло постар од неа и во себе има кралска крв, таа во животите на новото семејство внесува вистински неред.

Теа станува школуван пејач кој сега пее за Римската аристократија, таа е толку добра во тоа што го прави, што нејзините настапи се договараат со месеци однапред. Па така таа е ангажирана да пее за царот Домицијан, таа тука го привлекува неговото внимание и станува негова љубовница. Но царот има и своја темна страна. Теа ќе се најде во борба за сопствената душа и за здравиот разум. Многумина се обиделе да го уништат суровиот цар, но на крај неговиот живот ќе се најде во рацете на една жена, на римската љубовница Теа.


Оценка од корисниците

5 звезди

3

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
3

Коментари од корисниците

08.11.2016 19:34:06   Слаѓан Бишковски напиша

Knigata e prekrasna navistina vredi da se procita
В© Copyright 2012 by iVote