Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Дневник

Андре Жид  




Оригинален наслов на книгата : Jaurnal : une anthologie : (1889-1949)
ИСБН : 978-608-223-412-0
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Магор
Прегледaна: 598 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 398
Димензии : 20
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

„Дневниците“ на Андре Жид може да се читаат како средишно дело низ кое се прекршуваат уметничките книги на авторот и неговиот живот. Во нив наоѓаме одгласи на сите поетички опсесии на Жид. Записите се мошне оригинални, ослободувачки во однос на многу морални правила и стандарди – табуата на сексуалноста, верувањата, општите места, идеологиите, религијата. Истовремено сериозни и духовите, продлабочени и лежерни, брзи и бавни, записите заведуваат со опсегот на темите кои се опфатени, како и луцидноста на нивната обработка.

Пишувани се во текот на повеќе децении и низ нив се обликува интимната слика за авторот што дополнително влијае врз разбирањето на неговото литературно творештво. Голем број читатели делото го прифаќаат и како своевидно литературно остварување. Со објавувањето на дневниците, кај читателот се поттикнува љубопитност кон недосегливата фигура на емпирискиот автор што стои зад текстот, а застапува определени вредности, има сопствени предрасуди, убедувања, морал за што непосредно се искажува во сопствените дневници.

Животот на Жид е исполнет со низа противречности кои се транспонирани во неговите дела. Дилемите за кои проговорува и во сопствените дневници, што се присутни и во неговиот живот, се суштинска одредница на неговото целокупно реализирање како писател и како човек.


Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote