Во книгата Творби
е претставува ракописното книжевното наследство на Константин Тренчев (1895 –
1969) – општественик, родољуб и лекар.
Тренчев е еден од првите македонски доктори, хуманист,
патриот и национален деец. Заедно со неколкумина истомисленици, меѓу кои д-р
Константин Терзиев од Кукуш и д-р Васил Иванов од Струмица, е еден од
основачите на ВМРО 1945, и е еден од потписниците на Меморандумот до големите
сили и ООН за создавање самостојна и независна држава Македонија. Учествувал во
Првата светска војна, а медицина дипломирал во Виена.
Константин Тренчев се занимавал и со литературно
творештво и оставил богат творечки опус, досега речиси непознат за
литературната наука и за литературната јавност. Автор е на четири драмски дела
(од кои едното е исчезнато при полициските конфискации на сѐ што напишал),
поезија и прозни творби. Со творештво се јавува на почетокот на втората декада
на 20 век, што е од посебно значење за неговото место во континуитетот на
македонската книжевност во тој период.
Во книгата се објавени седумдесетина песни и една поема,
три драмски текста, записи историјата и за општествено-политичките состојби во
Македонија во дваесеттите години на минатиот век, раскази, авобиографски
белешки и прилози.
Книгата содржи и обемна студија на проф. д-р Васил
Тоциновски за книжевната оставина на Константин Тренчев.