Во ова дело од капитално значење застапени се над три илјади одредници, подредени по азбучен ред, а зад секоја од нив стои една човечка судбина.
Енциклопедијата е сублимат од долгогодишните истражувања на голем број историчари и научници, при што се користени и досега необјавени архивски материјали.
Бројните одредници се богато илустрирани од познатиот македонски ликовен уметник и дизајнер Кочо Фидановски.