Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Македоника 13

Група автори /  




Оригинален наслов на книгата : Македоника 13/2015
ИСБН : 18577539/13
Година на издавање : 2015
Издавачка куќа : Македоника
Прегледaна: 253 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 122
Димензии : 240х170
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

   Стожерен текст во овој број е студијата на Ранко Младеноски „Суштинските дилеми за историјата и културата на античка Македонија“, во којашто пишува за многуте отворени прашања поврзани со историјата на античка Македонија кои долго време се тема за полемизирање меѓу истори­чарите. Основните проблемски прашања за кои се полемизира се, пред сè, етнич­ката припадност на античките Македонци, припадноста или неприпадноста на античките Македонци кон хеленскиот свет, карактерот на походот на Алек­сан­дар III Македонски во Азија (дали тој поход е македонски или хеленски), посеб­носта на античката македонска култура, јазикот и „писмото“ на античките Маке­донци, чиј е Александар Македонски (на денешните Македонци или, пак, на денешните Грци), односно кој е денешен наследник (автентичен) на античките Македонци и слично. Младеноски, кој докторираше на тема за ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во македонската книжевност, во оваа своја студија изнесува мошне смели сознанија и тези, со кои аргументирано оспорува некои сознанија, тези и востановена терминологија на досегашната македонска историографија за овој период.

Меѓу другото, во овој број на „Македоника“ е објавен текстот на Драган Зајковски за христијанските маченици во Македонија од времето на императорите Диоклетијан и Галериј, а Драган Ѓалевски пишува за улогата и влијанието на христијанството во обликувањето на византиското војување. Зоран Спасовски пишува за денешниот директен наследник на латинскиот јазик во контекстот на историјата на јазиците на балканските простори, Владимир Јанев за ционистичкото движење во Македонија (1899-1912), додека пак Александар Симоновски ја отвора темата за српското четничко движење во Македонија во Втората светска војна, односно за судењето и егзекуцијата на Миливој Трбиќ. Марјан Иваноски и овојпат изнесува нови сознанија за најпознатиот македонски дисидент Драган Богдановски, осврнувајќи се на некои негови активности во затворот „Идризово“ (1979-1987). Волф Ошлис, кој од овој број е главен уредник на „Македоника“, пишува за еден стар, досега кај нас непознат германски роман, тематски посветен на Македонија – „Љубов во Скопје. Стефан Влахов Мицов пишува за книгата на Васил Тоциновски посветена на познати македонски емигранти интелектуалци кои живееле во варна – „Варна на мојата младост“.

И во овој број се објавени библиографски информации за повеќе нови изданија поврзани со македонската култура и историја, а е објавен посебен библиографски прилог (за книги статии и географски карти) на Соња Стрезоска – Велјаноска за странските автори кои пишувале за Македонија во периодот од 1940 до 1945 година.


Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote