Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Македоника 14-15

Група автори /  




Оригинален наслов на книгата : Македоника 14-15/2016
ИСБН : 18577539/14-15
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Македоника
Прегледaна: 402 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 156
Димензии : 240х170
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Горан Калоѓера од Хрватска пишува за улогата на древна Македонија и нејзините владетели Филип и Александар во формирањето на македонската национална самосвест во текот на 19 и почетокот на 20 век. Драган Зајковски за новозаветните текстови како историски извор за почетоците на христијанството во Македонија, а Александар Трајановски за дејноста на српските владици Фирмилијан и Варнава во Македонија. Владимир Јанев објавува статија за социјално-економската положба на Евреите во Македонија во текот на 18 и 19 век, а Димитар Љоровски Вамваковски за руски сведоштва за грчката политика кон османлиска Македонија во периодот на грчката „македонска борба“ во периодот од 1904 до 1908 година. Лидија Ѓурковска и Габриела Топузовска, пак, се осврнуваат на еден сегмент од историјата на македонските трговски фамилии – за аптекарската и трговската дејност на Геневи.

Во овој двоброј е објавен и еден од последните трудови на Зоран Тодоровски – Поведението на ВМОРО во Првата светска војна. Љубица Јанчева и Катерина Мирчевска пишуваат за улогата на Република Македонија како субјект на меѓународната политичка сцена во периодот од 1944 до 1991 година, Невен Радически за македонско-албанските меѓунационални односи во 1968 година, а Марјан Иваноски за возобновувањето на емигрантската организација „Ослободителен комитет наМакедонија“. Борче Илиевски пишува за свештеничката конференција од мај 1946 година како етапа во решавањето на македонското црковно прашање, а се објавени осврти за книги за МПЦ на Александар Трајановски и Билјана Петковска, како и за книга на Васил Тоциновски за македонско-хрватските книжевни и културни врски. На крајот се објавени и библиографски информации за повеќе нови изданија поврзани со македонската култура и историја.


Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote