Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Зборообразувајќи ги местата

Ирен Ниг  




Оригинален наслов на книгата : Man wortet sich die Orte selbst
ИСБН : 9786084710035
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Вермилион
Прегледaна: 271 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 200
Димензии : 20см
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

„ Зборообразувајќи ги местата“ се состои од прозни текстови од различна должина, од куси, кондензирани вињети до раскази и новели. Во овие текстови, главната тема на авторот е откривање на процесот на креативно пишување. Ирен Ниг почнува на ниво на зборот, поточно, звукот на зборовите. На ова ниво често е инспирирана од детските игри со новите зборови: непристрасно, со огромна љубопитност и сериозна посветеност. Со оглед на музичкиот квалитет во стилот на Ниг, не изненадува што танцувањето е една од главните метафори за процесот на креативното пишување. Заплетот и ликовите се подредени на музичката игра на зборови. Ниг открива и создава различни слоеви на значење во нејзиниот текст. Таа им се обраќа на ѕвездите, животните и човечките сродни души, меѓу кои брат и пријател. Само ретко пишува за конкретни политички настани. Животот е претставен како претстава со сцени кои постојано се менуваат, додека во процесот на креативно пишување секогаш „срцето ѝ е сопатник“. Книгата е добитник на Европската награда за литература 2011.

Ирен Ниг е родена во 1955 година во Шан, во Лихтенштајн. Ниг многу патувала пред да почне да студира новинарство на Институтот за Новинарство и комуникација на Универзитетот во Фрибург во Швајцарија. По студиите работи во областа на односи со јавност во повеќе организации, меѓу кои и Aktion Miteinander, која ги промовира правата на странците во Лихтенштајн. Ниг почнала да издава кратки дела проза прво во литературни магазини, а во 1988 година ја издава првата книга.

Преводот од германски е на Ксенија Чочкова.


Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote