Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Ова е моето последно молчење

Елена Пренџова  




Оригинален наслов на книгата : /
ИСБН : 978-608-243-147-5
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Антолог
Прегледaна: 210 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 240
Димензии : 12x20
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

 

            „Ова е моето последно молчење“ има за цел да ги претстави современите македонски поетеси кои активно творат во последниве десетина години.             Станува збор за панорамски преглед со избор од неколку песни кои најдобро ќе го претстават личниот севкупен поетски печат на авторките, од поетеси од различни генерации, активни на сцената со по неколку објавени авторски книги поезија на македонски јазик. „Ова е моето последно молчење“ не претставува селективно групирање на авторски дела со слична и обединувачка естетска или тематско-мотивска нишка, туку ги обединува во една интензивна книга колешките по перо и, како што ги нарекува феминистичката критика, „сестрите по род“, со веќе докажана естетска и книжевна вредност, во заедничко дело кое ќе претставува глобално огледало на женското писмо во XXI век во Македонија, наместо персонално претставување на одбран број авторки.

            Ваков тип книга не е битен само од книжевен и родов аспект, туку и од национален и со нејзино објавување Македонија ќе може да застане рамо до рамо со останатите современи и напредни земји, кои функционираат не само демократски, туку и демократско-родово, бидејќи овој тип обединувачки зборници се историско-културолошки неопходни.



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote