Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Патешествијата на Сибрен од улицата Пеперминт

Мајндерт Де Јонг  




Оригинален наслов на книгата : Journey from Peppermint Street
ИСБН : 978-608-247-613-1
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: 136 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 192
Димензии : 135х200
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Мајндерт Де Јонг (Meindert DeJong, 4 март 1906 – 16 јули 1991), американски писател со холандско потекло, најмногу познат по неговите детски романи, за кои има добиено и повеќе престижни награди .Во 1962 година, Де Јонг ја добива и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ за неговиот долгогодишен придонес во детската литература.


"Патешествијата на Сибрен од улицата Пеперминт" е топла приказна сместена во Холандија на почетокот на XX век, што на многу прониклив и срдечен начин ги опишува моментите на зачуденост, радост, храброст и страв кај малиот Сибрен, кој тргнува на ноќно патување кај тетка си заедно со дедо си. 

На Сибрен не му се веруваа дека оди со деда си накај својата тетка Хинка – и тоа во темница! И нешто чудно или страшно или ново се случува секоја минута.

Кога тој и дедо му доаѓаат до мочуриштето, тоа целото буи од живот – илјадници светулки непрестајно прелетуваат во ноќта и крекаат жаби. Но, дедо му му вели дека мочуриштето е опасно – дека не смеат да скршнат од патот – и одеднаш дедо му паѓа во мочуриштето! За среќа, тетка му Хинка пристига точно навреме за да ги спаси со чамчето!


Де Јонг покажува импресивен капацитет не само да се сеќава на детската ментална и емоционална географија туку и да ја проживее повторно таа внатрешна состојба. Овој талент му овозможува да го претстави патешествието на Сибрен, и физичкото и емоционалното, со една апсолутна прецизност и

автентичност.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote