Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Оваа слобода

Пјерлуиџи Капело  




Оригинален наслов на книгата : Questa libertà
ИСБН : 978─608─253─024─6
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : БАТА ПРЕСС
Прегледaна: 658 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 110
Димензии : 21х13
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Книга што нема да ви дозволи да ги задржите солзите во себе. Трагична, но не и патетична. 
Храбриот и силниот Капело, во автобиографската новела, ја прифаќа  судбината, онаква каква што е. 

„Слобода е збор без тело. Како душа. Како љубов.“

Капело раскажува за своето детство, за откривањето на книгите, пропаѓањето во вителот на инвалидитетот и очајот и борбата да ја надмине реалноста за повторно да најде надеж и волја за живот.
Читањето и моќта на имагинацијата му овозможуваат на нараторот врзан за кревет, во тело што не го препознава како свое, да најде нови начини да се чувствува и да живее слободно, и покрај физичките ограничувања што му ги наметнува предавничкото тело.
Романот Оваа слобода, микрокосмос што ја претставува човековата состојба, според жири-комисијата за наградата „Терцани“, раскажува за „процесот на едно лично достигнување што, поради својата егзистенцијална суштина и поради врската со еден конкретен историски и географски контекст, поврзува една лична приказна со искуството на цел еден колектив. Слобода е достигнувањето на оној што не ѝ се препушта на малодушноста и знае како да реагира, прифаќајќи го животот поради она што сè уште може да го пружи...“
Пјерлуиџи Капело, фурланскиот „поет на носталгијата“, е еден од најзначајните гласови на современата италијанска поетска панорама. Роден е во Џемона дел Фриули во 1967 година, но потекнува од Кјузафорте, каде што го поминал детството. Го има преживеано големиот земјотрес во Фурланија во 1976 година, а на шеснаесетгодишна возраст, по тешка сообраќајна несреќа на мотор, останува во инвалидска количка.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote