Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Ѕвездата на Давид

Зувдија Хоџиќ  




Оригинален наслов на книгата : Davidova Zvijezda
ИСБН : 978-608-4794-11-0
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Алманах
Прегледaна: 223 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 254
Димензии : 21x14
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

„Ѕвездата на Давид“ е најпознатoто дело на црногорскиот писател Зувдија Хоџиќ, кој дел од критиката го означи како најзначајно романескно четиво на јужнословенските простори во последните неколку децении. Овој роман е постмодернистичка приказна во која главниот лик Давид Шахан, разделен на две личности, ги анализира сликите и настаните од своето детство  и од историјата. Во раскажувањето наизменично се мешаат стварноста, митот и фантазијата, а обединувачка точка на дејствијата се ѕвездите „кои најдобро светат над Проклетие“ и се симболизирани во таинствениот печат на Соломон – Ѕвездата на Давид. Ова е роман за граничните подрачја во сите времиња, чии крајни точки се малото црногорско место Гусиње и Багдад и приказна за суровите закони на границата и опасностите што демнат во нејзината близина... 

 ... – Да, страшно е, исчезнуваат луѓе, им се губи трагата, а никој не смее ништо да праша. Страдаат и семејствата на одведените, ги селат, ги оставаат без ништо, ги притискаат да се одречат од најблиските и најмилите. Удираат каде што најмногу боли. Секој нешто исчекува и секој се плаши. Денот некако и поминува, но ноќта како да нема крај. Ноќната тишина, како удирање на врата ја потресуваат тешки чекори на луѓе во кожни капути, од чие ехо се буди сѐ живо. И сѐ молчи. Ниту кучињата да залаат ниту да заплаче дете привиено до треперливото тело на некој од постарите. Се ежат и престрашуваат и овошките и дрвјата, и добитокот и животните... 


Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote