Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Тајната на Османлијата

Мурат Чавга  




Оригинален наслов на книгата : Osmanlı' nın Sırrı
ИСБН : 978-608-4794-10-3
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Алманах
Прегледaна: 313 пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 322
Димензии : 21x14
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Тајната на Османлијата е историско-детективски роман во кој се испреплетени приказните за наследството на еден истанбулски бизнисмен од еврејско потекло, убиен на  гробиштата Ејуп во Истанбул со бескомпромисната борба на странските разузнавачки служби за ликвидација на „болниот од Босфор“, претставен преку ликот на султанот Абдулхамид II  и обидите на ционистите за формирање на Голем Израел. Основните дејствија се случуваат околу едно дервишко теќе со езотерично учење и една историски потврдена амајлија, која ќе одигра пресудна улога во спасувањето на животот на султанот.          

                         _________________________________ 

(...) Кога стигна во неговата куќа, самошто се спремаше да заѕвони на вратата, забележа дека таа е отворена. Однатре допираа чудни гласови. Полека ја турна вратата, ја протна главата внатре. Се стаписа кога го виде Исак-ефенди со ококорени очи и задавен со црн шал. Телото од половината надолу му висеше од креветот. Очите на Изак-eфенди, кои во моментот кога останал без здив ги ококорил, го гледаа безживотно. Кога направи уште еден чекор напред виде дека сите книги од полиците беа расфрлени по подот и забележа една жена во црна пелерина која бараше нешто меѓу книгите. Ги протри очите и се обидуваше да сфати која е таа жена ... Одеднаш се сети на тајната страница од Зохар. Тајната што таа ја содржеше и која сите ја бараа, која Исак-ефенди само нему му ја беше кажал, се беше претворила во пепел во огнот од каминот. Никој освен него не ги знаеше тајните работи напишани на неа. Значи дека тие, кои ја посакувале смртта на Исак-ефенди, поради тоа би можеле да посегнат и по неговиот живот. Помисли дека и неговиот живот е веќе во опасност.



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

29.01.2017 13:10:05   Anonymous напиша

Mosne interesen roman. Me vpleni, zatoa najtoplo go preporacuvam na vasite citateli.
В© Copyright 2012 by iVote