Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Изгубени души

Соња Смилеска  




Оригинален наслов на книгата : Изгубени души
ИСБН : 978-608-65305-4-9
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Соња Смилеска
Прегледaна: 745 пати
Коментари вкупно: 2
Број на страни: 410
Димензии : 21х14
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Најновиот роман на писателката Соња Смилеска е криминалистичко-психолошка драма за патешествијата на една мајка по загубата на нејзината десетгодишна ќерка во крајно неразјаснети околности. Од првиот до последниот ред романот е полн со заплети, пресврти и изненадувања и целосно ќе го задржи вашето внимание, но и ќе ви ја растрепери душата.

Докторката Љупка конечно расчисти со клеветењата што некој ги фрли врз неа во минатото. Од денес таа повторно ќе му се посвети на своето семејство, на ќеркичката Јана и на сопругот Славе со неговата ќерка Тања. Но денот, вечерта одминуваше, а десетгодишната Јана од училиште не се врати дома, ја немаше никаде.

Што ѝ се случи, каде е, ја грабна ли некој, ѝ стори ли некој нешто? Имаше ли уште некои нерасчистени сметки за кои Љупка требаше да плати, а цената ја плати малата Јана...? Се прашуваше таа, а ја прашуваше и полицијата, сопругот, фамилијата.

Инспекторот Крсте со својот тим истражуваше, тргна по многу патишта, се отворија многу прашања, недоумици...Прстот беше вперен кон сите, кон Љупка, кон Славе, кон членови од семејството...

А таа тагуваше по исчезнатата ќерка, но и се обвинуваше...  А обвинувањата кои ја притиснаа од сите страни само ја продлабочуваа нејзината тага и чувството за вина.

Што навистина се случи со Јана, со Љупка и со целото нејзино семејство??? Читајте....



Оценка од корисниците

5 звезди

5

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
5

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

17.01.2017 17:02:37   Anonymous напиша

Изгубени души е прекрасна книга се чита во еден здив затоа што е посветена на луѓето со тешки судбини полна со заплети,расплети и изненадувања кои вашето внимание го држат до последниот ред. Ужвав додека ја читав топло ви ја препорачувам !
13.01.2017 17:00:33   Anonymous напиша

одлична книга, се чита во еден здив ! Препорачувам :)
В© Copyright 2012 by iVote