Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Времето secondhand

Светлана Алексиевич  




Оригинален наслов на книгата : Время секонд хэнд
ИСБН : 978-608-4718-57-4
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Бегемот
Прегледaна: 152 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 475
Димензии : 200x130
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Времето secondhand“ е последната книга од петтомната епопеја „Гласови на утопијата“, во која авторката Светлана Алексиевич ги документира искуствата на стотици луѓе со различен статус и опит во советскиот и постсоветскиот свет, во вид на орална историја. Во бурната транзиција од комунистичкиот Советски сојуз и Горбачовската „перестројка“ кон Елциновата и Путиновата Русија, многу луѓе го губат својот интимен компас и се чувствуваат обездушени; многу други, пак, се исполнети со ентузијазам за новото време што надоаѓа. Она што ги обединува се спомените за едно одминато време, кон со кое сите имаат личен опит, за кое сите раскажуваат различно, кон кое и во своите души имаат непомирени чувства. Всушност, ваквиот начин на пренесување на историјата на едно време се чини безмерно поверодостоен од која било историја спокојно напишана во некоја канцеларија, архивирана во стерилните фиоки на официјалната историја.

 „Советската цивилизација... Брзам да ги прикажам нејзините траги. Познати лица. Не ги распрашувам за социјализмот, туку за љубовта, љубомората, детството, староста. За музиката, танците, фризурите. За илјадници детали на исчезнатиот живот. Тоа е единствен начин да се натера катастрофата во рамките на вообичаеното и да се направи обид да се раскаже нешто. За нешто да се сетиме. Не се изморувам од чудење колку е интересен обичниот човечки живот. Бескрајно количество од човечки вистини... Историјата ја интересираат само фактите, а емоциите остануваат надвор. Не е вообичаено тие да се пуштаат во историјата. Јас го гледам светот со хуманистички очи, а не со очите на историчар. Изненадена сум од човекот...“

 од „Времето secondhand“



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote