Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Годишни обичаи кај Македонците

Даворин Трпески  




Оригинален наслов на книгата : Годишни обичаи кај Македонците
ИСБН : 978-608-4500-45-2
Година на издавање : 2015
Издавачка куќа : Младинска книга
Прегледaна: 43 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 424
Димензии : 21х28
Корица : тврда
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

над 100 празнични дeнови со пропратните обичаи, 
19 видови обредни поворки, 5 видови слави 
над 300 илустрации, уметнички дела, фотографии, икони и фрески 
КОЛКУ ИМА ОБИЧАИ ВО КНИГАТА?
Над 300 опишани обичаи
102 празнични денови
Различни обичаи во текот на истиот ден 
19 обредни поворки
5 видови слави
мноштво регионални разлики 
_____________________________
повеќе обичаи од колку што може да се утврди со најпросто броење
КАКО СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОБИЧАИТЕ?
Календарски, во две поголеми и во три помали поглавја, со азбучник 
1. НЕПОДВИЖНИ ПРАЗНИЦИ (кои имаат точно утврден датум: Божик, Богојавление, Ѓурѓовден, Крстовден, Митровден, Летник, Атанасовден...) 
2. ПОДВИЖНИ ПРАЗНИЦИ (кои се паѓаат во одреден неделен ден или се бројат од Велигден: Бела недела, Тодорова сабота, Спасовден, Духовден... 
3 ОБРЕДНИ ПОВОРКИ (во минатото биле многу практикувани за време на некои од празниците: коледари, сировари, василичари, лазарки, водичарки...) 
4 СЛАВИ (куќни, селски, имендени, еснафски, литии)
5 ДЕЛОВИ ОД ГОДИНАТА (како народот ја делел годината, како на деновите, на неделите и на месеците им ги давал имињата, на кој ден ја започнувал работата, кога не одел да работи..)
6 АЗБУЧНИК (празнични денови, обичаи, обредни активности, светители и останати поими од народниот или од црковниот календар – за полесно снаоѓање во обилството обичаи)
ДОДАТОЦИ - Тематски антрфилеи
• ЗOШТО СЕ ВЕЛИ или НАРОДОТ ВЕЛИ – како животот според народниот календар се одразил врз јазикот, па поедини изрази во кои се спомнуваат годишните обичаи и денес се во општа употреба, иако пропратните обичаи можеби се веќе заборавени
– „си помина како кучињата на Василица“; 
– „се дотерал како за Велигден“; 
– „се насмеја Баба Марта“.
ПРЕДЗНАЦИ (за годината) – како нашите предци го предвидувале времето или бериќетот на основа на временските прилики во одреден ден:  
ако на Игнeт било облачно, тогаш годината ќe била бeриќeтна, а доколку било вeдро, тогаш годината ќe била сушна; 
доколку на Бадник орeвитe што ги кршеле биле здрави тогаш и годината ќe била плодна, а доколку jаткитe билe тeмни или суви, тогаш годината ќe била сушна; 
На празникот Сритејне, дeвоjкитe внимавалe каков човeк ќe срeтнат, затоа што вeрувалe дeка каков ќe срeтнат, за таков и ќe сe омажат;
Во прeдeлот Малeшeво, спорeд однeсувањeто на овцитe на Пeтровдeн, сe прeдвидувала идната зима – доколку овцитe сe собeрeлe на куп, зимата ќe била со голeм снeг;
Во Прилeпско Полe постоeло вeрувањe дeка ако грмeло на Илиндeн, лeшницитe ќe билe шупливи.
• ЖИТИЕ – низ кратки биографии за светците или за празникот објаснета е врската меѓу претхристијанските верувања и христијанското надоградување на верувањата. 
• ЗАПИШАЛЕ – цитати од познати научници и истражувачи на народните обичаи и празници.
• ТРАДИЦИОНАЛНО НА... - рецепти за обредни лебови или јадења кои биле спремани за одредени празници. 
• ПРЕДАНИЈА – Усно пренесени историски случувања, настани од минатото или животни искуства кои се предавале од покеление на поколение:
                „Пeтрe и Павлe билe побратими. Сeкадe заeдно одeлe, ама Павлe паднал болeн. Пeтрe си рeкол: Овоj чоeк ќe умрит, jа аj да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: – Шо копаш, брe Пeтрe? – Ами, Павлe je болeн – рeкол – та му го копам гробот. – Jа, аj лeгни да видимe, али чинит за тeбe! Пeтрe лeгнал и нe станал вeќe. Eтe, затоа рeклe:  „Нe копаj роб за дру´eто, за да нe влeзиш сам во нeо“ . Пeтрe копашe гроб за Павлeта, ама сам умрe во нeго, а Павлe си остана ушчe да си живejт“.
• ВЕРУВАЊА – одредени верувања кои се специфични за одредени празници.
• ЗАБРАНИ – станува збор за некои работи кои не смеело да се праваат на тој ден, односно биле забранети.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote