Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Вивисекција на македонската народна приказна

Лилјана Пецова – Илиевска  




Оригинален наслов на книгата : Вивисекција на македонската народна приказна
ИСБН : 978-608-243-216-8
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Антолог
Прегледaна: 24 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 160
Димензии : 17x24
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

При обидот да се одговори на низа прашања што ги наметнува поставената тема во трудот, која се аплицира врз примери од собирачкиот опус на Марко Цепенков, Стефан Верковиќ и на „Битови приказни и анегдоти“ во избор и редакција на д-р Кирил Пенушлиски, ова дело има за цел да го насочи своето внимание врз структурата и семантиката на реалистичката народна приказна. Kако апликативен материјал избрани се 100 приказни, при што конечната определба се исчитувањето и расчленувањето на текстовите на нивоа и на групи. 
Проблемот со класификацијата на фолклорниот прозен материјал о(п)станува како нерешлива загатка, воопшто не обидувајќи се да понуди единствени решенија на национално ниво, макар и да се сосема неупотребливи во интернационални рамки. Класификацијата на македонските прозни жанровски форми во својот развој е обусловена од затекнатите „почетоци“ за подредување на граѓата според туѓи, регионални постапки за класифицирање. Во тоа време, тоа е херојски обид за пробив на македонскиот наратив, а денес претставува дело на дејци чија улога се преиспитува во однос на запишувачката постапка, печатењето и редактирањето на собраниот материјал. 
Оттаму и потребата за проучување и ставот дека за фолклорна граѓа од типот на реалистичните народни приказни потребни се не само сеопфатен структурално-семантички пристап, повеќе и различни парадигматски читања на текстот, туку и примена на мултидисциплинарен пристап при аналитичка деконструкција на материјалот. 
Во однос на оваа констатација, содржината на овој труд придонесува кон сугестија за дополнителна изработка на еден амбициозен проект, со комплексен и културолошки пристап кон разгледувањето на фолклорниот прозен материјал.



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote