Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Автобиографија

Григор Прличев  




Оригинален наслов на книгата : Автобиографија
ИСБН : 978-608-4641-59-9
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : ПНВ Публикации
Прегледaна: 134 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 108
Димензии : 21
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Подготвувајќи ја Автобиографијата (истото се однесува и за ’Мечта на еден старец‘) за нов прочит, а пред сѐ наменет за помладиот читател, должен сум да кажам дека тоа го правам со голема возбуда предизвикана од Прличевата постојана присутност меѓу нас. Неговото дело не го остава рамнодушен македонскиот љубопитник и тој понабрзо се навраќа кон него: на современ македонски јазик во неколку наврати се приопштувани неговите сјајни поеми ’Сердарот‘, ’Скендер-бег‘, но и неговиоте детски песни, а овој е втор обид да се ’преведе‘ Автобиографијата, додека негови слова, одделни песни и препеви се наоѓаат во различни изданија, помакедончени (како што би рекол Гане Тодоровски) или во оригинал пренесени на ’неговиот јазик‘.

Преводов е направен од првообјавениот текст на Автобиографијата во ’Сборник на народни умотворенија, наука и книжнина‘, книга 11, стр. 346-403, Софија, 1894 година, десет години по нејзиното настанување и една година по смртта на авторот. Текстот го следи оригиналот, но заради читливоста, а имајќи во предвид дека тој е наменет за помлад читател, се обидов да го поделам на помали целини со белини. Текстот е пренесен на современ македонски литературен јазик, а оние поими или фрази што инсистираат на оригиналот дадени се во фусноти. На некои места (но незначителни) си допуштив слобода и со стилска интервенција. Исто така, бидејќи во оригиналот дијалозите се слеани во густо печатен текст, овдека се дадени во нов ред, впрочем како и во преводот на Т. Димитровски. Надевањето дека е направен лесен и читлив превод ќе се оправда откако тој ќе се најде во рацете на младиот читател“



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote