Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Запишано во ѕвездите

Паринуш Сание  




Оригинален наслов на книгата : Sahme-man
ИСБН : 9786082530406
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : БАТА ПРЕСС
Прегледaна: 2893 пати
Коментари вкупно: 5
Број на страни: 650
Димензии : 110 x 170
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Мазума никогаш не ја запозна слободата. Знае само да ги слуша браќата и татко ѝ. Знае и за ќотек, кој често го добива. Се знае што се очекува од чесна девојка како неа, да им служи на мажите секогаш и секаде, да чекори брзо со спуштен поглед. Сепак, Мазума денеска не беше послушна. Се осмели да го погледне младичот, што секој ден го среќава во тесните сокаци на својот град. Не требаше многу за нивните погледи да прераснат во голема љубов. Oпасна љубов, што не може да се сокрие и поради која ќе биде казнета. Виновна е за најголемиот грев, затоа што љуби. Овој пат, ќотекот не е доволна казна. За да ја зачува честа на семејството, мора веднаш да се омажи и тоа за човекот што ќе ѝ го одберат нејзините браќа. Од тој момент, Мазума мора да ја прифати својата судбина. Да биде жена посветена на својот маж, да ја исполни секоја негова желба, а притоа да биде и грижлива мајка на своите деца. 
Приказна за силните жени кои се борат за она што го сакаат, за пријателството и страстите, но и за љубовта кон татковината. Извонреден роман за љубовта и надежта, за омразата и страдањето... 
Паринуш Сание храбро и одлучно ја открива вистината за жените во Иран, заробени од традицијата, кои и денес, во овој момент, се борат против фанатизмот. 

Додека во Иран беснее револуцијата, оваа жена ќе ја пронајде храброста во љубовта што ја чувала длабоко во себе и никогаш не ја заборавила. И ќе го чека денот кога конечно ќе го добие она што го заслужува.


Оценка од корисниците

5 звезди

11

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
11

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

29.06.2017 16:53:42   Anonymous напиша

Не можев да издржам четири вечери, во една ја завршив. This is a MUST READ!!! :)
10.05.2017 09:59:07   Anonymous напиша

И јас останав без сон, не можев да ја оставам :) Навистина добра приказна.
09.05.2017 23:18:38   Anonymous напиша

Многу се радувам кога ќе прочитам книга што е интересна, но и убаво напишана. Запишано во ѕвездите е една од тие. И покрај тоа што книгата е прилично голема ја прочитав за 4 вечери 🙂
В© Copyright 2012 by iVote