Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Нултиот час

Лота Лундберг  




Оригинален наслов на книгата : Timme noll
ИСБН : 9786082530161
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : БАТА ПРЕСС
Прегледaна: 1377 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 348
Димензии : 13х20.5
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случило?
Во романот се испреплетени три силни женски портрети во текот на дваесеттиот век. Хедвиг која се бори со својата вина, Ингрид со својот сомнеж и Иса – со својот голем гнев.
Берлин 1945 година: Писателката Хедвиг Лохман е на пат да ги напушти урнатините во метрополата упатувајќи се кон еден манастир. Неколку години претходно нејзината ќерка поминала низ пеколно патешествие. Каде се наоѓа сега, и дали ја преживеала војната?
Остров кај Стокхолм – Блидхолмен 2004 година: Ингрид ја напуштила својата дејност како психотерапевт и се преселила на малиот остров за да го негува својот маж свештеник кој има Паркинсонова болест. Но на островот живее и Хана, писателка која на незабележителен начин се вовлекла меѓу сопружниците внесувајќи конфузија во нивниот живот.
Упсала во 1983 година: Иса ја сече на парчиња својата кукла и потоа оди на психотерапевтски сеанси. Еден ден решава да направи Голема терапевтска игра. Ако по фрлањето на коцката се добие погрешно поле се запаѓа во Хаосот, но постои начин да се поправи светот.
„Нултиот час“ симболично го означува крајот на војната, но и човечкото искуство да се застане и да се направи обид за излегување од сопствените руини, од целосниот хаос во кој сите ситуации низ кои минуваат главните ликови би можеле да се опишат како апсолутно дно – но истовремено можеби почнува да ׳рти ново семе.
Лота Лундберг студирала политички науки, педагогија, психодрама, како и германски јазик во Виена.Најсеопфатна тема во нејзиното творештво се прашања за идентитетот и човечкото достоинство, за нормалноста и за табуто. Посебен предизвик во нејзината проза е и обликувањето на етички конфликти без едноставни решенија.


Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

В© Copyright 2012 by iVote