Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

СВЕТЛАНА АНТОНОВСКА – МАКЕДОНСКАТА ЧЕЛИЧНА ДАМА

Иван Антоновски  




Оригинален наслов на книгата : СВЕТЛАНА АНТОНОВСКА – МАКЕДОНСКАТА ЧЕЛИЧНА ДАМА
ИСБН : 978-608-66106-0-9
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : И. Антоновски
Прегледaна: 1244 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 524
Димензии : 30
Корица : тврда
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Вонсериска монографија подготвена во согласност со сите меѓународни принципи и стандарди, која со својата импозантна квалитативна вредност се издвојува како единствена од таков волуменозен формат меѓу монографиите за значајни личности објавени во последнава деценија во Република Македонија.


Оваа монографија е прво дело во коешто е опфатен севкупниот период на работењето и дејствувањето на истакнатиот општественик, политичар, статистичар и научник Светлана Антоновска, од нејзиното рано општествено-политичко ангажирање во седумдесеттите години на XX век па сѐ до последните години од нејзиниот физички живот.


Монографијата, покрај тоа што овозможува детална опсервација на ангажирањата, достигнувањата и резултатите на Антоновска, содржи и збирка на искажувања за оваа значајна личност на македонскиот XX век од нејзините современици – колеги и соработници од Република Македонија и од странство, преку која не само што се добива целосна претстава за ликот и делото на Антоновска, туку и се доаѓа до сознанија и за на јавноста помалку познати, а клучни настани од поновата историја.


Во нашата историја, Светлана Антоновска  заслужува достојно место и како основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија, односно како прв предводник на процесот на трансформација на македонската статистика и втемелувач на европските стандарди во неа.


Оттука, ова издание, коешто воедно е и прва монографија посветена на статистичар од просторите на поранешна Југославија, меѓу другото претставува и своевидна историја на најзначаниот, но воедно и најуспешен период на развојот на македонскиот статистички систем во поновата историја. Поконкретно, во еден дел на монографијата сеопфатен е периодот којшто ги опфаќа настаните од почетокот на трансформацијата на македонската статистика и обезбедувањето статистички податоци за државава во едни од најтурбулентните времиња во XX век па сѐ до самиот почеток на XXI век, кога и според официјалните оценки, македонската статистика беше на ниво на статистика на просечна земја-членка на Европската Унија, а македонскиот Завод беше регионален лидер меѓу националните статистички институции.

 

„Оваа монографија е капитално дело, не само поради нејзиниот обем, туку и затоа што претставува изворник на бројни, мошне важни факти и податоци, неопходни на нашата историографија. Монографија којашто може да претставува и учебник по професионализам и непотклекнување пред политички притисоци, и учебник по успешно водење институции, процеси и остварување промени, со целосно себевложување.“


- Апостол Симовски,

в.д. директор на Државниот завод за статистика

 

„Монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“ е издание од формат којшто е редок во нашата средина. Дело чиј квалитет е импонзантен и без ни малку претерување може да се рече дека станува збор за монографија за личност, којашто треба да биде урнек како да се подготвуваат ваков тип публикации кај нас.“


- Димитар Богов,

гувернер на Народната банка на Република Македонија


 „Најтешко ми е кога за некој како Светлана треба да кажам неколку реченици. Се плашам скудниот збор да не ја замагли светлината на сувереното знаење, интегритет и добрина што ја ширеше и што ја остави зад себе. Сега, со објавувањето на оваа монографија се појави како комета, зошто толку многу различни профили на луѓе, ширум светот ја носат во своите мисли и срца и говорат за неа.“


проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова



Оценка од корисниците

5 звезди

13

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
13

Коментари од корисниците Види ги сите коментари

Copyright 2012-2018 by iVote