Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Алиф и Зен - Патот до Мардан

Никола Темков  




Оригинален наслов на книгата : Алиф и Зен - Патот до Мардан
ИСБН : 978-608-4719-18-2
Година на издавање : 2017
Издавачка куќа : Стрип Квадрат
Прегледaна: 180 пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 44
Димензии : 30
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Алиф и Зен е стрип албум во колор, на 44 страници, кој опфаќа еден интересен и тотално непознат за нас период од историјата на Индија, поточно Пакистан. Во тоа време, некаде околу средината на 17-тиот век, Пакистан и Индија биле под големата монголска империја предводена од наследниците на Џингис Кан, а во тие предели полека но сигурно се наметнувала една друга империја од запад, Обединетото Кралство, поточно Англија. Овде поминувале главните патишта на свилата и зачините, и трговијата со нив била од голем интерес за големите империи. 

Во едни такви околности, нашите јунаци, Алиф и Зен, жители на едно мало село во северот на Пакистан, од земјата на Хунзите, тргнуваат во авантура да пренесат еден товар со зачини до нивниот пријател, преку несигурната територија на Пакистан, па се до крајот на Индија. И самите сметајќи се како наследници на војските на Александар, тие се бестрашни, и немаат проблем да ги пребродат безбројните закани на патот, во вид на друмски разбојници, англиски узурпатори, па и разни државни војски на тогашната монголска империја. На крајот по разни перипетии и случки, што опасни, што комични, некако успеваат да стигнат кај нивниот пријател, кој прави забава по повод отворањето на нов ресторан. А ресторан без зачини не бива, нели?


Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

23.02.2018 02:15:07   Anonymous напиша

Графички одлично изработена, со навистина забавна приказна која не враќа во некои дамнешни историски времиња низ интересните доживувања на главните јунаци. Ја препорачувам!
Copyright 2012-2018 by iVote