Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории
Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Светот на дланка

Славе Николовски - Катин  




Оригинален наслов на книгата : Светот на дланка
ИСБН : 978 -608-204-167-4
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Македонска Искра
Прегледaна: 126 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 424
Димензии : Б4
Корица : мека
Јазик: MK


Овој производ го нудат:


Краток опис

Во публикацијата „Светот на дланка“ се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот, почнувајќи од првиот лет во САД во 1964 година и во Канада во 1966 година па сé до денес, потоа трите патувања до Австралија, посетите на: Индија, Емиратите, Средна и Јужна Америка, Европската унија и голем број земји на Блискиот Исток и Африка, до патувањето, најпрвин  со најголемиот брод на светот наречен „Волшебникот на морињата“ и посетите на Хаити, Јамајка и Мексико и назад во Мајами, за потоа со џип да се прокрстарат источните држави на САД на пат за Торонто, од каде најдолго патување продолжи за Виена и конечно за Скопје, за Македонија.

На авторот Славе Катин овие патувања во различни земји во светот му беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознаам различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет. Притоа, имаше можност да посетам бројни споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, величие, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде се чувствував како дома..

Публикацијата „Светот на дланка“, која има 440 страници е на македонски јазик, и токму на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти – и тој може да пропатува ширум светот, да се запознае со голем број земји, места, градови, интересни споменици на културите на домородното население, со културите и религиите донесени од освојувачите, особено на Англичаните, Шпанците, Французите и Португалците како и со креолизацијата на јазиците, народите..Таа е продолжение на книгата „Моите патувања по светот“, 2001.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците

Copyright 2012-2018 by iVote