е-адреса: Лозинка:

Категории

Помош

Регистрација и логирање

Регистрацијата на порталот KupiKniga.mk е многу едноставна. Во десниот горен агол од страницата се наоѓа линкот Зачлени се. Со клик на оваа копче се отвара нова форма каде се внесуваат сите основни податоци, и на вашиот емаил пристига потврдна порака за креирање на профилот со корисничко име и лозинка. Со клик на линкот за верификација кој е пратен на вашиот маил се логирате на системот. Најавување на системот се прави преку формата за најава во горниот десен агол и клик на копчето Влез, претходно испишувајќи ги коректно корисничкото име и лозинка.

Заборавена лозинка

Во случај да сте ја заборавиле лозинката за најава на нашиот систем, кликнете на линкот „заборавена лозинка или корисничко име“ кој се наоѓа на страната за најава на www.kupikniga.mk и внесете ја вашата e-mail адреса. Веднаш потоа ќе Ви биде испратена лозинката на вашата e-mail адреса.

Како до мојата омилена книга?

До вашата омилена книга најлесно може да дојдете преку формата за пребарување која се наоѓа во централниот дел на почетната страна. Со испишување на името или дел од името на насловот што го барате во формата „Пребарувај“, најлесно и најбрзо ќе дојдете до вашата посакувана книга.

Напредно пребарување

Може да се постигне преку линкот за Напредно пребарување во горното мени. Пребарувањето може да се врши по цена, автор, клучен збор, издавачка куќа и категорија.

Како да добивам информации за најновите книги?

Најновите книги може да ги погледнете на сајтот, преку менито „Ново“. Исто така може да се зачлените и да добивате билтени на вашата е-адреса за најновите наслови и промотивни активности.

Како да купам книга?

Секоја книга која е понудена на KupiKniga.mk едноставно можете да ја нарачате. Кога ќе кликнете на самата книга ќе го добиете описот за неа и останатите битни информации. Во делот ОВАА КНИГА ЈА НУДАТ, ќе погледнете од кого се може да ја купите оваа книга (издавач, книжарница) и по која цена. Доколку сакате да ја нарачате книгата кликате на копчето „внеси во кошничка“. Подетални информации и објаснувања за тоа како да направите нарачка можете да погледате на http://kupikniga.mk/HelpOrders.aspx

Што откако ја имам книгата во кошничка?

По внесувањето на посакуваната книга во вашата кошничка можете да продолжите со вашата нарачка, односно да направите нарачка на повеќе производи или да продолжите со следните чекори на финализирање на нарачката.

Како да платам?

Од како сте избрале дека сакате да платите за она што веќе го имате во кошничка, нашиот систем ви нуди можност да изберете начин на плаќање. Можете да платите со платежна картичка и со уплатница.

Плаќање со платежна картичка

Сите платежни трансакции на KupiKniga.mk се извршуваат со помош на системот на Стопанска банка, кој е овозможен и подржан од Касис-Cpay, реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери посветени сме на максимална сигурност и доверливост.


Доколку имате своја платежна картичка едноставно целата трансакција се одвива електроски, сигурно и брзо . Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка пренасочени сте на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.


Се внесуваат потребните податоци како: името на имателот на картичка, датум на истекување на истата (месец и година), бројот на картичката и троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна на вашата платежна картичка.


Потоа потребно е да потврдите дека сте сигурни дека го купувате производот со јасно назначена цена и добивате потврда за успешно извршената трансакција.


Доколку не сте добиле потврда за успешна трансакција:


Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка


Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши.


Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.


Доколку се наведено сте провериле и понатаму неможете да ја купите посакуваната понуда, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на Casys , па затоа ве замолуваме да не известите на:
info@kupikniga.mk

Плаќање со уплатница

Доколку немате платежна картичка KupiKniga.mk ви нуди можност да платите и преку уплатница. Оваа опција за плаќање е овозможена само за жители на Република Македонија.


Упатство за плаќање преку уплатница:


1. Од кога сте ги ставиле во кошничка производите што сакате да ги купите, кога ќе стигнете до чекорот за избор на начин на плаќање потребно е да изберете плаќање со уплатница. Потоа ќе ви биде прикажана слика на која се внесени податоците што треба да ги внесете на вашата уплатницата.


2. Со кликање на копчето „Резервирај“, вашата нарачка ќе биде резервирана во наредните 3 работни дена. Во овој период вие ќе треба да извршите уплата преку општа уплатница.


Напомена: Уплатата ќе биде видлива на нашата сметка следниот работен ден од денот на уплата. Откога ќе извршиме евидентирање на уплатата на нашата сметка, ќе добиете електронска фактура на вашата е-пошта, по што производите ќе ви бидат испорачани на наведената адреса.

Како да поканам пријатели?

Доколку сте регистриран корисник на KupiKniga.mk и сакате да ги поканете и вашите пријатели да се регистрираат, тоа ќе можете да го направите во делот моја библиотека на копчето покани пријател. Тука постои можност да поканете неколку пријатели на кои им ги знате електронските адреси, или да импортирате поголем број на контакти одеднаш. За да поканите автоматски повеќе пријатели одеднаш следете го упатството во зависност каква е-пошта користите.


  • Упатство за Outlook
  • Упатство за Gmail
  • Упатство зa Yahoo
  • Упатство за Hotmail