Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории

Упатство како да направите нарачка на KupiKniga.mk

Почитувани корисници и љубители на пишаниот збор,

Откако успешно ќе се регистрирате и најавите на KupiKniga.mk со вашиот личен кориснички профил, ќе можете да правите нарачки на посакуваните книги/производи, со комплетирање на следнава процедура која се состои од неколку едноставни чекори и тоа:

Внеси во Кошничка

Најпрво изберете го посакуваниот производ. На страната каде се дадени деталите за производот кликнете на иконата „внеси во кошничка“ која се наоѓа веднаш под полето со основни информации за производот.

Кон плаќање

На следната страна во полето „Количина“, впишете ја потребната количина од производот и кликнете „Промени“. Под тоа поле на располагање Ви се и опциите „Промени“, „Избриши“ и „Зачувај за подоцна“. Книгата ќе биде зачувана во вашата кошничка, по што слободно можете да пребарувате и да додавате нови книги.

За да продолжите кон плаќање на производот, кликнете на полето „Продолжи со нарачка“. Доколку сакате да внесете уште производи во вашата кошничка, кликнете на „Продолжи со купување“.

Чекор 1

Следниот чекор е избор на адреса за достава. Овде можете да изберете некоја адреса која претходно сте ја навеле како адреса на испорака или да внесете нова. При внесување на нова адреса во делот „Адреса за достава“ ги пишувате контакт информациите на лицето каде што сакате да пристигне нарачката, а во делот „Адреса за фактурирање“ ги пишувате вашите податоци т.е. податоците на лицето шта ја прави нарачката.

Откако ќе ги внесете податоците во сите полиња кликате „Продолжи“.

Непосредно пред да преминете на следниот чекор, можете да промените некој податок докoлку сте го погрешиле со кликање на „Промени“ или доколку се е во ред, избирате „Достави на таа адреса“.

За да продолжите со процедурата изберете ја третата опција „Достави на таа адреса“.

Чекор 2

На следната страна избирате тип на достава. Прво го избирате типот на испорака, односно дали сакате производите да ви бидат доставени како „Препорачана и осигурена пратка“ или „Брза пошта“.

Подолу на страната, треба да го одредите и начинот на плаќање, преку селектирање на една од двете опции, со платежна картичка или со уплатница.

Чекор 3

Начин на плаќање

Доколку плаќањето го вршите со платежна картичка, на наредната страна ќе мора во соодветните полиња задолжително да ги внесете следниве информации:

- број на платежна картичка
- име на имателот на платежната картичка
- тип на платежната картичка
- важност на платежната картичка и
- CVV2/CVC2 (верификациските вредност/код на картичката)

Под полињата за внесување е дадена и слика со платежна картичка, на која е прикажано каде може да ги најдете податоците од картичката кои се бараат.

Откако ќе ги пополните задолжителните податоци, кликнете на полето „Продолжи“.

Доколку изберете плаќање со уплатница, ќе ви се прикаже слика со упатство како треба истата да биде пополнета. За да ја резервирате нарачката кликате на копчето „Резервирај“. Оваа опција за плаќање е овозможена само за жители на Република Македонија.



Видео упатство


В© Copyright 2012 by iVote