Ве известуваме дека ќе можете да купувате на KupiKniga.mk и за време на новогодишните празници. Испорака на нарачките направени во периодот од 27.12.2013 до 8.01.2014 година ќе се врши по 9.01.2014.

е-адреса: Лозинка:

Категории

Упатство за регистрација на кориснички профил на KupiKniga.mk

Почитувани читатели и ценети корисници,

Преку креирање на ваш личен кориснички профил на нашиот портал KupiKniga.mk ќе можете да вршите нарачки на вашите омилени и посакувани книги, но и да ја оценувате и коментирате целокупната понуда на производи достапни преку нашата интернет страница.

Процедурата за регистрирање и активирање на вашиот кориснички профил се одвива во неколку едноставни чекори и тоа:


Зачлени се

По отворање на почетната страна на нашиот портал, прво одберете ја опцијата „Зачлени се“, која со црвена позадина е обележана во крајниот десен простор од хоризонталното мени.

Чекор 1

Потоа, на страната за регистрација, задолжително внесете ги вашите лични податоци во соодветните полиња за име, презиме, е-адреса и лозинка (полето за ВИП код не е задолжително). Пред да преминете на следниот чекор, неопходно е да ја штиклирате опцијата дека се согласувате со општите услови за користење на услугите на порталот, кои можете да ги прочитате кликнувајќи на приложениот линк.

Чекор 2

На вашата електронска пошта ќе биде испратена електронска порака преку која ќе го потврдите активирањето на вашиот профил.

Откако ќе се најавите на вашата електронска пошта, кликнете на приложениот линк во пристигнатата електронска порака за да го активирате вашиот профил.

Чекор 3

Потврда: На крајот од целата процедура ќе бидете пренасочени кон страната за потврда на регистрацијата на вашиот кориснички профил на нашиот портал.



Видео упатство


В© Copyright 2012 by iVote