Најпродавани љубовни наслови!

Многумина од нас секогаш кога ќе помислат на книга се одлучуваат за страници исполети со нежност. Љубовните книги многу често знаат да ни ја вратат вербата во љубовта. Сите оние кои трагаат по љубов и романтика ги советуваме да ги прочитаат следниве три наслови:

  1. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината – Александар Алексов

Приказна за безусловната љубов, љубов ослободена од секакви клишеа која ќе ве погоди в срце со својата посебност, силина, необичност, со драматичните пресврти и возбуда, за упорноста и храброста, за никогаш да не се откажеш од љубовта и сонишата.

Книга која ќе остане во душата… засекогаш!

 

  1. Ако не постои утре – Гијом Мисо

Таа е неговото минато. Тој е нејзината иднина.Ема живее во Њујорк. Со триесет и две години, сѐ уште е во потрага по вистинскиот.

Метју живее во Бостон. Тој ја загуби својата сопруга во страшна несреќа, и сам се грижи за четиригодишната ќерка.

Судбоносна средба во виртуелниот свет ќе ги доведе до фактот да поверуваат дека конечно ја пронашле среќата. Нетрпеливи да се запознаат, ќе се договорат да вечераат во еден мал италијански ресторан во Менхетен.

На истиот ден во исто време, ги отвораат вратите на овој ресторан и се упатуваат на истата маса. Сепак, нивните патишта никогаш нема да се вкрстат.

Дали е тоа  игра на лаги? Производ на имагинацијата? Манипулација? Фатени во форма на реалност што не може да се сфати, Метју и Ема брзо  сфаќаат дека ова не е само една пропуштена можност …

 

  1. Нешто слично на љубов – Џули Џејмс

ФБИ ја сака нејзината соработка…

Како ќерка на милијардер и сопственичка на една од врвните продавници за вина во градот, Џордан Роудс секогаш добива покани за најексклузивните забави во Чикаго. Но има само една забава на која ФБИ сакаат тајно да пратат свој специјален агент: добротворната забава на познат сопственик на ресторани и клубови кој пере пари. Во замена за ослободување на брат ѝ од затвор, Џордан Роудс на забавата ќе понесе свој придружник – доделен од страна на ФБИ.

Агентот МекКол ја сака само неа…

Како најдобар специјален агент за тајни задачи во Чикаго, Ник МекКол има само едно правило: работата и задоволството не се мешаат. Овој „состанок“ со Џордан за него е само задача – задача која двајцата се цврсто решени да ја изведат, иако не можат да бидат заедно ни пет минути пред да почнат да летаат искри од сарказам. Но кога неколку неочекувани пресврти ја ставаат истрагата на Ник во опасност, тој и Џордан немаат друг избор, освен да се преправаат дека се пар и она што почнува како едноставна задача се претвора во нешто многу слично на љубов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *