КупиКнига.мк отсега испорачува и во странство


KupiKniga.mk излегува во пресрет на сите членови кои живеат во странство или сакаат да изненадат некој којшто живее надвор од Македонија.

ДХЛ Експрес

Испорака во странство

29 ЕУР до 2 кг

Рок на испорака: 3 до 7 дена *

KupiKniga.mk субвенционира дел од трошоците за испорака со ДХЛ Експрес. Износот кој купувачите ќе треба да го платат е само 29,00 ЕУР до 2 килограми, за која било држава.

НАПОМЕНА! Рокот на испорака на нарачките кои содржат српски книги се пролонгира до 21 работен ден. Ве молиме имајте предвид дека KupiKniga.mk испорачува само во работни денови.

Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата – испорака) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен.

Забелешка за пратките за странство:
Примачот на пратката е увозник и мора да ги почитува сите закони и прописи на земјата на испорака. Нарачките, коишто се испраќаат во странство може да бидат предмет на увозни давачки, царини, даноци и такси од страна на земјата назначена за испорака. Дополнителните трошоци за царинење ќе бидат на товар на примателот; ние немаме контрола над овие давачки и не можеме да предвидиме колкави би биле истите. Царинските политики варираат во голема мера од земја до земја. Ве молиме контактирајте ја вашата локална царинска испостава за дополнителни информации.