Како да купам книга?


Почитувани корисници и љубители на пишаниот збор,

откако успешно ќе се регистрирате и најавите на KupiKniga.mk со вашиот личен кориснички профил, ќе можете да правите нарачки на посакуваните книги/производи, со комплетирање на следнава процедура која се состои од неколку едноставни чекори и тоа:

ЧЕКОР 1

Најпрво изберете го посакуваниот производ. На страната каде се дадени деталите за производот кликнете на иконата „Купи“ која се наоѓа во десниот дел од прозорецот веднаш под цената на производот.

ЧЕКОР 2

По успешно внесување на производот во кошничката, добивате порака за успешно внесен производ, по што со кликнување на копчето „Преглед во кошничка“, во пораката или во менито под иконата со кошничка во долниот десен агол на менито, продолжувате кон следниот чекор на купувањето.

ЧЕКОР 3

Во кошничката ви се прикажува листа со производите што ги имате ставено за купување. На оваа страна се прикажани опциите за бришење на производ од кошничка (знакот „х“ во левиот агол) и менување на количина (по менување на количината треба да притиснете на копчето “Обнови ја кошничката”).

Можете да продолжите со купувањето, или веднаш да продолжите кон плаќање, со притискање на копчето “Процесирај кон плаќање”.

ЧЕКОР 4

Со продолжување кон плаќањето, треба да се пополнат информации за испорака и фактурирање.

Потоа го избирате типот на испорака, односно дали сакате производите да ви бидат доставени како „Препорачана и осигурена пратка“ , „Брза пошта“ или бесплатно да ги подигнете од просториите на  КупиКнига (ул.Мајаковски 2/4).

Подолу на страната, треба да го одредите и начинот на плаќање, преку селектирање на една од двете опции, со платежна картичка или со уплатница. Потоа го селектирате полето „Се согласувам со општите услови за користење“ и кликате на копчето „Резервирај/Плати“

Доколку плаќањето го вршите со платежна картичка, на наредната страна ќе мора во соодветните полиња задолжително да ги внесете следниве информации:

  • број на платежна картичка
  • име на имателот на платежната картичка
  • тип на платежната картичка
  • важност на платежната картичка и
  • CVV2/CVC2 (верификациските вредност/код на картичката)

Под полињата за внесување е дадена и слика со платежна картичка, на која е прикажано каде може да ги најдете податоците од картичката кои се бараат.

Доколку изберете плаќање со уплатница, ќе ви се прикаже слика со упатство како треба истата да биде пополнета.

Упатство за плаќање со уплатница:

Уплатницата која ќе треба да ја уплатите во банка или пошта изгледа вака:

Вашата нарачка ќе биде резервирана во наредните 3 работни дена. Во овој период вие ќе треба да извршите уплата со општа уплатница.

Напомена: Уплатата ќе биде видлива на нашата сметка следниот работен ден од денот на уплата. Откога ќе извршиме евидентирање на уплатата на нашата сметка, ќе добиете електронска фактура на вашата е-пошта, по што производите ќе ви бидат испорачани на наведената адреса.