Како да се регистрирам?


Почитувани читатели и ценети корисници,

преку креирање на ваш личен кориснички профил на нашиот портал KupiKniga.mk ќе можете да вршите нарачки на вашите омилени и посакувани книги, но и да ја оценувате и коментирате целокупната понуда на производи достапна преку нашиот интернет сајт.

Процедурата за регистрирање и активирање на вашиот кориснички профил се одвива во неколку едноставни чекори и тоа:

ЧЕКОР 1

По отворање на почетната страна на нашиот портал, прво одберете ја опцијата „Најава / Регистрација“ во крајниот десен простор од хоризонталното мени.

ЧЕКОР 2

Потоа, на страната за регистрација, задолжително внесете го корисничкото име, е-пошта и лозинка кои би сакале да ја користите при најава. Пред да преминете на следниот чекор, неопходно е да ја штиклирате опцијата дека се согласувате со општите услови за користење на услугите на порталот, кои можете да ги прочитате кликнувајќи на приложениот линк.

Потоа кликнете на копчето „Регистрирање“.

По притискање на копчето „Регистрирање”, на вашата електронска пошта ќе биде испратена електронска порака преку која ќе го потврдите активирањето на вашиот профил.

ЧЕКОР 3

Кликнете на текстот “Кликнете тука за верификација” со што ќе бидете пренасочени кој прозорецот за најава каде ќе можете да се најавите за прв пат.