Книгите на БАТА ПРЕС – најпродавани за време на саемските ПОПУСТИ на КупиКнига.мк!

 

Најпродавани за време на КупиКнига.мк саемските ПОПУСТИ 2019 год. – книгите на издавачката куќа БАТА ПРЕС!

Оваа година, за време на саемот КупиКнига.мк имаше понуда од безброј ПОПУСТИ и ПОДАРОЦИ за читателите. Продажбата беше значително поголема од вообичаено, а најпродавани беа книгите на издавачката куќа БАТА ПРЕС. Како најактуелни и нови изданија кои беа нарачувани во огромен број беа „Каменувана“ од Томас Енгер, „Бруклин“ од Колм Тојбин и „Снеговите на љубовта“ од Нермин Безмен.

Како единствена онлајн книжарница во регионов, помогнавме сите љубители на книгите да ги добијат своите омилени дела по саемски цени со бесплатна испорака за нарачки над 1000 ден. до својот дом. А, оние кои што имаа време и можност да присуствуваат на саемот, на штандот на БАТА ПРЕС, си добија потпис од Томас Енгер, писателот на најпродаваната книга на саемот 2019 год. „Каменувана“.

Исто така, на списокот на најпродавани книги од КупиКнига.мк во тој период се најдоа книгите на издавачките куќи Магор, Македоника Литера, Мартина, Топер и ИЛИ-ИЛИ.

Им благодариме на сите издавачки куќи, соработници и читатели што придонесоа овој празник на книгите да привлече големо внимание и задоволство кај сите читатели на КупиКнига.мк!

Каменувана

Бруклин

Снеговите на љубовта – книга прва

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *