КупиКнига.мк добитник на сертификатот „Фер со потрошувачот“!

Тимот на КупиКнига.мк присуствува на работилницата со компании добитници на сертификатот „Фер со потрошувачот“ за завршување на постапката за сертификација поканети од Здружението на консултанти и бизниси „Креација“, Организацијата на потрошувачите и Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“.

 

Нашата компанија, со еден од најуспешните свои производи КупиКнига.мк беше позитивно оценета од Одборот за оценувачи на сертификатот „Фер со потрошувачот“, присуствува на оваа работилница за завршување на процесот на сертификација и планирање на јавна промоција на сертифицираните компании. На работилницата се претставува начинот на користење на правото за сертификациската марка „Фер со потрошувачот“, со посебен осврт на кампања за промоција на сертифицираните компании, софтвер „Фер со потрошувачот“ за менаџмент со поплаки од потрошувачите и негово тестирање за да се прилагоди на потребите на потрошувачите и корпоративни планови за подобрување на односот кон потрошувачите во наредниот тригодишен период.

 

Со учеството на тимот на КупиКнига.мк обезбедуваме нашата компанија успешно да ја заврши сертификацијата, и со стекнување на сертификатот, да ја зголеми препознатливоста меѓу потрошувачите по својот фер однос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *