Најпродавани книги во Македонија за 2018 година

Кој подобро би ја претставил листата на најпродавани книги во Македонија за 2018 год. од единствената онлајн продавница КупиКнига.мк која претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Читателите повторно го ставија на првото место авторот Гијом Мисо, според топ 10 листата на најпродавани книги што ја објави КупиКнига.мк. Првото место припадна на делото „Ако не постои утре “, на второто место се најде книгата „Девојката од Бруклин“, а на третото место се најде Александар Алексов со делото „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината “. Четврта година по ред книгите на Мисо се најактуелни на КупиКнига.мк.

 

2. „Девојката од Бруклин“

 

„Секоја година се трудиме да ги задоволиме сите вкусови и да ја збогатиме нашата понуда со најразличен жанр. Нудиме одлична опција за подароци за празниците, за безброј различни вкусови и желби. Има ли нешто подобро од тоа да подариш книга и таа да стигне каде и да посакаш во светот и да донесе огромна радост затоа што ова е подарок кој не ја губи својата вредност! “ – изјави Елена Темелковска, Оперативен менаџер на iVote.

Во продолжение е целосната листа на топ 10 најпродавани книги во 2018 година:

  1. „Ако не постои утре“ – Гијом Мисо
  2. „Девојката од Бруклин“ – Гијом Мисо
  3. „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ – Александар Алексов
  4. „Девојката и ноќта“ – Гијом Мисо
  5. „Апартман во Париз“ – Гијом Мисо
  6. „Точка на измама“ – Ден Браун
  7. „Ноќ и ден“ – Вирџинија ВУЛФ
  8. „ЦРНА КАКО АБОНОС“ – Сала Симука
  9. „Мојата македонска приказна: каде одиш, Македонијо!“ – Љубчо Георгиевски
  10. „Душокршачот“ – Себастијан Фицек

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *