Помош


Регистрација и логирање

Регистрацијата на порталот KupiKniga.mk е многу едноставна. Во десниот горен агол од страната се наоѓа линкот „Најава/Регистрација“. Со клик на овој линк се отвара нова форма каде се внесуваат сите основни податоци, и на вашиот имејл пристига потврдна порака за креирање на профилот со корисничко име и лозинка. Со клик на линкот за верификација кој е пратен на вашиот имејл се логирате на системот. Најавување на системот се прави преку формата за најава во горниот десен агол и клик на копчето „Најава/Регистрација“, претходно испишувајќи ги коректно корисничкото име и лозинка.

 

Заборавена лозинка

Во случај да сте ја заборавиле лозинката за најава на нашиот систем, кликнете на линкот „Ја заборавивте лозинката?“ кој се наоѓа на страната за најава на www.kupikniga.mk и внесете ја вашата имејл адреса. Веднаш потоа ќе ви биде испратен линк на вашата имејл адреса каде што ќе може да внесете нова лозинка.

 

Како до мојата омилена книга?

До вашата омилена книга најлесно може да дојдете преку формата за пребарување која се наоѓа во централниот дел на почетната страна. Со испишување на името или дел од името на насловот што го барате во формата „Пребарувај  тука“, најлесно и најбрзо ќе дојдете до вашата посакувана книга.

 

Напредно пребарување

Може да се постигне преку линкот за „Напредно пребарување“ во горното мени. Пребарувањето може да се врши по наслов, категорија, издавачка куќа, јазик, година на издавање и автор.

 

Како да добивам информации за најновите книги?

Најновите книги може да ги погледнете на сајтот, преку менито „Ново“. Исто така може да се зачлените и да добивате билтени на вашата е-адреса за најновите наслови и промотивни активности.

 

Како да купам книга?

Секоја книга која е понудена на KupiKniga.mk едноставно можете да ја нарачате. Кога ќе кликнете на самата книга ќе го добиете описот за неа и останатите важни информации. Доколку сакате да нарачате книга кликате на копчето „Купи“. Подетални информации и објаснувања за тоа како да направите нарачка можете да погледате на http://kupikniga.mk/

 

Што откако ја имам книгата во кошничка?

По внесувањето на посакуваната книга во вашата кошничка можете да продолжите со вашата нарачка, односно да направите нарачка на повеќе производи или да продолжите со следните чекори на финализирање на нарачката.

 

Како да платам?

Откако сте избрале дека сакате да платите за она што веќе го имате во кошничка, нашиот систем ви нуди можност да изберете начин на плаќање. Можете да платите со платежна картичка или со уплатница.

 

Плаќање со платежна картичка

  • Сите платежни трансакции на KupiKniga.mk се извршуваат со помош на системот на Стопанска банка, кој е овозможен и поддржан од „Касис-Cpay “, реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери посветени сме на максимална сигурност и доверливост.
  • Доколку имате своја платежна картичка едноставно целата трансакција се одвива електронски, сигурно и брзо. Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка пренасочени сте на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во склад со највисоките банкарски критериуми за сигурно работење.
  • Се внесуваат потребните податоци како: името на имателот на картичка, датум на истекување на истата (месец и година), бројот на картичката и троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна на вашата платежна картичка.
  • Потоа потребно е да потврдите дека сте сигурни дека го купувате производот со јасно назначена цена и добивате потврда за успешно извршената трансакција.
  • Доколку не сте добиле потврда за успешна трансакција:

1. Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка;
2. Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши;
3. Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.
4. Доколку веќе го имате проверено горенаведеното и понатаму не можете да ја купите посакуваната понуда, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на „Касис“ , па затоа ве замолуваме да не известите на:
info@kupikniga.mk

 

Плаќање со уплатница

Доколку немате платежна картичка KupiKniga.mk ви нуди можност да платите и преку уплатница. Оваа опција за плаќање е овозможена само за жители на Република Македонија.

Упатство за плаќање преку уплатница:

1. Откако сте ги ставиле во кошничка производите што сакате да ги купите, кога ќе стигнете до чекорот за избор на начин на плаќање потребно е да изберете плаќање со уплатница. Потоа ќе ви биде прикажана слика на која се внесени податоците што треба да ги внесете на вашата уплатницата.
2. Вашата нарачка ќе биде резервирана во наредните 3 работни дена. Во овој период вие ќе треба да извршите уплата преку општа уплатница.

  • Напомена: Уплатата ќе биде видлива на нашата сметка следниот работен ден од денот на уплата. Откога ќе извршиме евидентирање на уплатата на нашата сметка, ќе добиете електронска фактура на вашата е-пошта, по што производите ќе ви бидат испорачани на наведената адреса.