10 прашања за кои науката нема одговор (сè уште)

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: 10 Questions Science Can't Answer (Yet); A Guide to Science's Greatest Mysteries | Бр. на страни: 183 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Доколку барем малку ве интересираат природните и општествените науки, ова е една од оние книги што ќе ги прочитате во еден здив. Мајкл Ханлон е искусен и вешт писател чии колумни на научни теми се објавувани во некои од најтиражните светски списанија. Во оваа книга, тој инспирирано, возбудливо и разбирливо презентира десет прашања што никој не може да ги одговори – прашања пред кои дури и современата наука ги крева рамењата. Дали животните се свесни? Зошто времето е толку чудно? Можеме ли да живееме вечно? Што ќе правиме со глупавите? Што е темната страна? Дали универзумот е жив? Дали сме истата личност од пред една минута? Зошто сме толку дебели... и дали тоа е важно? Дали сме сигурни дека паранормалното е глупост? Што е реалноста, реално? „Десет прашања за кои науката нема одговор“ е неизоставна лектира за изненадувачки тесните научни перспективи во повеќе клучни области. Мајкл Ханлон ненадејно почина во 2016 година на само 51 година, но со ова извонредно научно-популарно дело си го обезбеди местото во почесната писателска ложа на вечноста.

Цена: 330 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product 10 прашања за кои науката нема одговор (сè уште)

Категорија:
ИСБН: 978-608-259-610-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “10 прашања за кои науката нема одговор (сè уште)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in