60 години ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ Можеш и ти Само делата се вистина

Издавач: АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Скопје | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: 60 години ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ Можеш и ти Само делата се вистина | Бр. на страни: 480 | Димензии: 28,8 Х21мм | Корица: /
Извадок:

Средствата од продажбата на книгата ќе одат за ФОНДАЦИЈА ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ , за стипендирање на талентирани ученици и студенти, за поддршка на спортисти и уметници, спонзорирање на манифестации од наука, култура и спорт, за хуманитарни донации за ранливи категории на граѓани, за поддршка на заедницата во целина...

Книга која не може да се стави во ниедна жанровска фиока. Таа е и монографија за ликот и делото на еден од најуспешните Македонци на денешницата, но и романизирана биографија која открива и делови од интимата на нејзиниот главен лик.
    Оваа романизирана биографија е и уште нешто. Таа е прирачник за деловниот успех на сите оние кои се на почеток на својот професионален пат. Таа  е и лична библија за падовите и воскреснувањата од калта што ги носи животот, мала школа на емоциите сврзани со поразот и повторниот стремеж кон победата. Тоа се должи на животниот пат на Чифлиганец, кој личи на калеидоскоп: Страст, љубов, енергија, тренинг, работа, „брзо спиење“, хуманост и донаторство, вера во Бога, уште повеќе во себе и желба да се надминеш самиот себеси.

„Слоганот „Само делата се вистина“ ми е генетски код, наследен од моите претци кои ме научија дека човек, додека е на овој свет, ако не остави зад себе дела-како да не оставил ништо, како да е без пород, како да ја пишувал историјата на својот народ со бело мастило.. “
проф. д-р Ванчо Чифлиганец

„Книга-адреналин, книга-крв и родословие ( славни борци за независна Македонија од времето на Гоце Делчев ), книга-солзи таговници и радосници, книга-подвиг, книга-житие за оној кој никогаш не вели невозможно е!“
проф. д-р Венко Андоновски


Цена: 900 ден

6 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product 60 години ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ Можеш и ти Само делата се вистина

Категорија:
ИСБН: 978-608-65516-2-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “60 години ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ Можеш и ти Само делата се вистина”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in