Алиф и Зен – Патот до Мардан

Издавач: Стрип Квадрат | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Алиф и Зен - Патот до Мардан | Бр. на страни: 44 | Димензии: 30 | Корица: мека

Алиф и Зен е стрип албум во колор, на 44 страници, кој опфаќа еден интересен и тотално непознат за нас период од историјата на Индија, поточно Пакистан. Во тоа време, некаде околу средината на 17-тиот век, Пакистан и Индија биле под големата монголска империја предводена од наследниците на Џингис Кан, а во тие предели полека но сигурно се наметнувала една друга империја од запад, Обединетото Кралство, поточно Англија. Овде поминувале главните патишта на свилата и зачините, и трговијата со нив била од голем интерес за големите империи. Во едни такви околности, нашите јунаци, Алиф и Зен, жители на едно мало село во северот на Пакистан, од земјата на Хунзите, тргнуваат во авантура да пренесат еден товар со зачини до нивниот пријател, преку несигурната територија на Пакистан, па се до крајот на Индија. И самите сметајќи се како наследници на војските на Александар, тие се бестрашни, и немаат проблем да ги пребродат безбројните закани на патот, во вид на друмски разбојници, англиски узурпатори, па и разни државни војски на тогашната монголска империја. На крајот по разни перипетии и случки, што опасни, што комични, некако успеваат да стигнат кај нивниот пријател, кој прави забава по повод отворањето на нов ресторан. А ресторан без зачини не бива, нели?
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 280 ден

7 на залиха

Спореди
Продавач Стрип Квадрат

Report an abuse for product Алиф и Зен – Патот до Мардан

Категорија:
ИСБН: 978-608-4719-18-2

Questions and Answers

You are not logged in