Америка

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Amerika | Бр. на страни: 288 | Димензии: 13×20 | Корица: мека

Првиот и веројатно најведар роман на Кафка ја раскажува приказната за седумнаесетгодишниот Карл Росман, кој по една засрамувачка сексуална авантура со слугинката е „спакуван за Америка“ од страна на родителите. Очекувајќи да се искупи себеси во оваа „магична земја на можности“, младиот Карл е занесен од изобличени настани и вртоглави авантури.

Кафка никогаш ја немал посетено Америка и уште од првите страници на книгата очигледно е дека не му било целта да даде некаква реална претстава за неа. Слики од имагинарни пејзажи, злокобни опасности, безизлезни ситуации, постојани неправди и гротескни тензии меѓу ликовите го карактеризираат овој генијален роман.

„Америка“ е зачудувачки модерна и визионерска пародија за континентот што буди најразлични асоцијации и чувства, но и многу повеќе од тоа.

Цена: 400 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Америка

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-526-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Америка”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in