Ангелите од Москополе. Егзилот

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Îngerii din Moscopole. Exilul | Бр. на страни: 103 | Димензии: 21 | Корица: мека

Во вториот роман од трилогијата „Ангелите од Москополе“, Катја Максим, од документите и сведоштвата на потомците на Власите што биле принудени да побегнат од разурнато, запалено и до темели опустошено Москополе (нивниот Ерусалим од 18. век), се отсликува нивниот живот и борба во егзил. Добар дел од случувањата во романот се одвиваат во Битола, Солун и Венеција, нивните први засолништа по големата трагедија за која се обидувале да ги известат европските дипломати, кои од своја страна пак, биле преокупирани со луксузни балови, љубов и неверства, со издигањето и падот на Наполеон и Француската револуција... Авторката и во овој роман сведочи и за големата љубов на Лиа Петреа и Коста Чегани, нивното континуирано школување и напорот влашкиот (ароманскиот) јазик, култура и историја да им ги претстават на најпознатите европски научници и интелектуалци во тоа време... Тука се преплетуваат судбините на некои од најславните Власи, како на богатиот и контроверзен трговец и банкар Симон Сина, на професорот и едно време ректор на академијата од Москополе Теодор Каваљоти, или славниот германски историчар и теолог Јохан Тунман...

Цена: 250 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Ангелите од Москополе. Егзилот

Категорија:
ИСБН: 978-608-253-094-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ангелите од Москополе. Егзилот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in