Апартман во Париз

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Un appartement à Paris | Бр. на страни: 376 | Димензии: 21 | Корица: мека

МАЈСТОРСКИ НАПИШАН ТРИЛЕР ШТО НÈ ПОВИКУВА ДА СЕ ИЗГУБИМЕ ВО МИСТЕРИОЗНИОТ СВЕТ НА УМЕТНИЧКОТО ТВОРЕШТВО.

Во Париз се наоѓа едно ателје, скриено во дното на улицата обрасната со зеленило, премногу совршено за помеѓу своите ѕидови да не крие некоја тајна.

Мадлин го изнајмува за да ужива во самотијата и да пронајде малку мир после љубовната криза и серијата нерешени случаи.
После едно недоразбирање, на оваа млада лондонска полицајка ѝ се придружува Гаспар, писател и мизантроп, што допатувал во Париз за да пишува во тишина. Така сега овие две осамени и немирни души принудени се неколку дена да живеат под ист покрив.

Ателјето му припаѓало на славниот сликар Шон Лоренц и сѐ уште зрачи со неговата страст кон боите и игрите со светлината. Скршен поради губитокот на својот син, Лоренц умрел оставајќи зад себе три слики, што се водат како исчезнати. Фасцинирани од неговата генијалност и заинтригирани од неговата тажна судбина, Мадлин и Гаспар одлучуваат да ги здружат силите за да ги пронајдат изгубените слики и да проникнат во тајните на Лоренц. Сепак, ќе мораат да се соочат со сопствените демони, во возбудливата истрага, што засекогаш ќе ги промени.

Рангирано 4.8888888888889 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(9 оценки на корисници)

Цена: 199 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Апартман во Париз

Категории: ,
ИСБН: 978-608-208-533-3

9 оценки за Апартман во Париз

  1. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Сања Нацева (верификуван корисник)

  4. Rated 5 out of 5

    Елена Крстевска (верификуван корисник)

  5. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

    Odlicen roman, protkaen so misterija, bogato umetnicko tvorestvo, interesni presvrti, ja preporacuvam 🙂

  6. Rated 5 out of 5

    Angela Manasieva (верификуван корисник)

  7. Rated 5 out of 5

    Слаѓан Бишковски (верификуван корисник)

  8. Rated 5 out of 5

    Angela Manasieva (верификуван корисник)

    Прекрасна како и сите останати од Гијом.

  9. Rated 4 out of 5

    Monika Igevska Rizova (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in