Арамиско гнездо

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Арамиско гнездо | Бр. на страни: 216 | Димензии: 21 см | Корица: /

„Беше решен да умре, да стави крај на тој ѓаволски замрсен живот. Но, не да умре како јаре под нож... Убивал, со злато, со китна руба и со жени ја наситил својата душа. Повеќе не може и не треба. Би сакал повеќе само да можеше. Ама конецот дотука стигнал... Бег не бил, од бег поубаво поживеа, султан не бил, султанските наредби ги газеше.“

Во еден од првите романи издадени на македонски јазик (1954), Ѓорѓи Абаџиев ја користи својата богата и полна со ерудиција историска имагинација за да ни го наслика времето на ајдутството. Преку ајдутите Мануш, Трајко и Муса, нивните љубени Дафа и Јана, чорбаџијата Гого Јане, Топуз-бег, Билбил-ага и уште многу други, тој му вдахнува живот на не толку далечниот XIX век.

Возвишени планини, мистериозни шуми, брзи потоци, мирни, затскриени села − тоа е пејзажот на овој роман, полн со авантура, борби и љубов, во кој непрестајно се мешаат романтизмот на народните песни, легендите и преданијата, и суровиот реализам на историските факти. „Арамиско гнездо“ е роман за сите љубители на историската фикција!

Цена: 290 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Арамиско гнездо

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-220-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Арамиско гнездо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in