АВЕЛ САНЧЕС приказна за една страст

Издавач: ПНВ Публикации | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 116 | Димензии: 21x13,5 | Корица: мека

Авел Санчес и Хоакин Монегро не се сеќаваа колку време се познаваат. Беа познаници уште од детството, уште откако беа доенчиња, бидејќи нивните доилки се дружеа и ги здружија уште пред да научат да зборуваат. Секој од нив се запознаваше себеси запознавајќи го другиот. И така живееја и станаа многу добри другари уште од раѓање, речиси подобри и од родени браќа. Во нивните прошетки, во нивните игри, во другите заеднички пријателства, се чинеше дека Хоакин доминира и иницира сé. Всушност, поважно му беше да не се потчини отколку да наредува. Речиси никогаш не се караа. „Мене ми е сеедно, како сакаш ти...!“, му велеше Авел на Хоакин, и со тоа „како сакаш ти“ понекогаш ги влошуваше работите, на тој начин ги одбегнуваше кавгите.

 

-          Никогаш не ми вeлиш не! – извикуваше Хоакин.

-          А зошто би ти велел не? – одговараше другиот.

-          Добро, овој не сака да одиме кај Борот – кажа еднаш, кога неколку другари одеа на прошетка.

-          Јас? Не е дека не сакам...! – извика Авел. – Да, човеку, да, како сакаш ти. Ајде одиме!

-          Не, како што сакам јас, не! Ти реков сто пати дека не! Како јас што сакам не! Ти не сакаш да одиш!

-          Но, да човеку...

-          Тогаш јас не сакам...

-          Ни јас...

-          Ова не е во ред – викна Хоакин. – Или со него или со мене!

 

И сите отидоа со Авел, оставајќи го Хоакин сам. Коментирајќи го ова во неговата Исповед посветени на детството, напишал: „Оттогаш тој беше симпатичниот, не знам зошто, а јас антипатичниот, без да ја дознаам причината за тоа, и ме оставаа сам. Уште како дете бев изолиран од страна на моите другари.“

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 250 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач ПНВ Публикации

Report an abuse for product АВЕЛ САНЧЕС приказна за една страст

Категорија:
ИСБН: 978-608-4641-33-9

1 оценка за АВЕЛ САНЧЕС приказна за една страст

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in