Преглед на кошничка “Свињите” e додадена во Вашата кошничката

Баба ми ве поздравува и ви се извинува

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2018
Оригинален наслов: Min mormor hälsar och säger förlåt | Бр. на страни: 416 | Димензии: 13х20 | Корица: тврда

Шармантен роман за девојче чија баба умира и остава зад себе серија писма, испраќајќи ја малата внука на патување што го оживува светот на бајките измислен од нив двете. Елса има седум години и е поинаква од своите врснички. Нејзината баба има седумдесет и седум години и е тотално откачена. На пример, има навика од својот балкон да гаѓа непознати луѓе со пејнтбол-топчиња. Две различни, а блиски перспективи. Бабата е најдобрата другарка на Елса. Всушност, единствената другарка. Ноќе Елса се засолнува во приказните на баба си, во чудесната Земја на речиси будните и во кралството Мијама, каде што сите се поинакви и никој не мора да биде нормален. Кога бабата умира, остава куп писма со кои им се извинува на луѓето на кои им згрешила во животот. Со писмата започнува најголемата авантура на Елса. Со комична точност и со исцртување сосема нова реалност, Бакман нуди приказна за животот и смртта и за едно од најважните човекови права: правото да се биде различен!

Цена: 500 ден

8 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Баба ми ве поздравува и ви се извинува

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-311-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Баба ми ве поздравува и ви се извинува”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in