Бакнеж

Издавач: ИКОНА | Јазик: македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Kiss | Бр. на страни: 268 | Димензии: 14x21 | Корица: тврда

Силви и Карл се пријатели уште од малечки. Отсекогаш си играле заедно и се нарекувале меѓу себе „момче“ и „девојка“. Имаат дури и волшебен, измислен свет, кој им припаѓа само ним.Но, во тинејџерските години работите почнуваат да се менуваат. Одат во различни училишта и имаат различни пријатели. Силвија сè уште сака да го поминува целото време со Карл, но тој има нов пријател, Пол, кому му го посветува целото внимание. Силви сфаќа дека нешто не е како порано. Карл повеќе не сака да го викаат „момчето на Силви“ и, за време на една игра, одбегнува да ја бакне Силви. Но, кои се вистинските причини што стојат зад сето тоа. Трогателна и нежна приказна за првата љубов и првите „скршени срца“ од најпродаваната и наградувана авторка Џеклин Вилсон.

Цена: 349 ден

2 на залиха

Спореди
Продавач ИКОНА

Report an abuse for product Бакнеж

Категорија:
ИСБН: 978-608-221-013-1

Questions and Answers

You are not logged in