Бавност

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: La lenteur | Бр. на страни: 120 | Димензии: 20 см | Корица: /

Ова е „најлесниот“ роман на Милан Кундера, своевиден дивертименто, неговата комична опера. Воедно, Бавност е и првиот негов роман напишан на француски јазик.

Истовремено резигниран и маѓепсан, читателот го следи раскажувачот на Бавност низ една летна ноќ во која две приказни на заведување, одделени меѓу себе со повеќе од двесте години, се преплетуваат и осцилираат помеѓу возвишеното и приземното, комичното. Во основата на оваа навидум слободарска фантазија се крие длабоко промислување на современиот живот, се разгледува и се анализира тајната врска помеѓу бавноста и сеќавањето, се фрла светлина на поврзаноста помеѓу желбата на нашата доба за заборав и начинот на кој му се предаваме на демонот на брзината...

Бавност е и приказна за „танчарите“ опседнати од страста да бидат видени, за кои животот не е ништо повеќе од постојана претстава испразнета од секаква интимност и каква било радост.

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Бавност

Категории: ,
ИСБН: 978-608-259-900-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Бавност”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in