Белата индијанка

Издавач: Мартина | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Smoke bellew | Бр. на страни: 208 | Димензии: 21х14 | Корица: тврда

Целото литературно творештво и целата личност на Џек Лондон се проткаени со противречности.

Физички силен, духовно смел и храбар до безумност, арогантен во својата упорност и во своите стремежи. Лондон во себе носел семе на неодговорност. Лондон го славел животот, ја воспеал борбата на Ничеовиот натчовек со елементраната стихија, но, во часовите кога тоа не можело да се очекува, на моменти и се препушта на истата таа стихија, подготвен да се откаже и да и се предаде на судбината на Мартин Идн, што во еден момент и го направил. Човек со огромна работна енергија, со извонредна интелигенција, Лондон свесно усвојувал се што човековиот ум успеал да долови. Ученик на Спенсер, Ниче, Дарвин и на Маркс, настојувал да ги обедини еволуцијата и дарвинизмот; индивидуализмот на Ниче и Марксовиот научен социјализам. Ги јавал, како што вели Ирвин Стон, двата коња до крајот на својот живот. Апологет и поборник на социјализмот, пред крајот на својот живот истапил од социјалистичката партија на Америка. Со писмото што го напишал во таа пригода јасно и недвосмислено навестил дека во себе имал длабока верба во социјализмот, но трулоста на работничкото движење во Америка го натерало на таков чекор.

Белата Индијанка, всушност, тринаесетте приказни за авантурите на Смоки Белоу и на Шорти, спаѓа во оној вид книги на Лондон во кои се согледуваат силата, упорноста, смелоста, љубовта, верноста, пожртвуваноста. И денес, како и во времето кога е напишана, таа лесно, ведро и забавно ни ја доловува природата и луѓето од Јукон и од Клондајк.

„Во својата рака ја најде кесата. Се насмеа на самиот себе поради љубопитноста што го натера да ја одврзе кесата, и да ја отвори. Од неа излезе храна. Немаше ниту едно парче што не го препозна: Лабискви ги скрати од себе – корки леб што ги сочува уште од денот кога Мак Кен го загуби брашното, парчиња месо од лос, трошки сало, задната нога од зајакот, непипната задна нога и дел од предната нога на белата ласица, крилото на ноќната птица – жални остатоци, трагично одрекување, распетие на животот, храна што нејзината безгранична љубов и ја скрати на нејзината страшна глад.“

Лабискви, белата Индијанка, се откажа од храната или, поточно ја чуваше храната за својот сакан, за да преживее нејзината љубов.            

Цена: 360 ден

Спореди
Продавач Мартина

Report an abuse for product Белата индијанка

Категорија:
ИСБН: 978-608-4626-55-8

Questions and Answers

You are not logged in