Биохемиско инженерство: Учебник за инженери, хемичари и за биолози

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: Biochemical Engineering: A Textbook for Engineers, Chemists and Biologists | Бр. на страни: 280 | Димензии: 175x235 | Корица: /

Напишан од реномирани професори, врз база на нивното искуство добиено со работа на најиновативниот биохемиски пазар, Јапонија, овој напреден учебник обезбедува еден одличен современ вовед во најновите достигнувања од оваа област.
Шигео Като
е раководител на биоинженерската лабораторија на Универзитетот во Кобе, Јапонија.Тој е признат експерт во делот на биохемиското инженерство, биосепарација и на имунотехнологија.
Фумитаке Јошида
е еден од светски најреспектираните хемиски инженери. Негово поле на посебен интерес е преносот на масата кај гасните и течни системи наменети за аплицирање во биоинженерството и во медицинската технологија.
Иако во првиот дел од книгата се истакнати некои елементарни концепти во хемиското инженерство, наменети за оние што се нови во оваа област, книгава, сепак, може да биде користена и за повисоки нивоа, па дури и за постдипломски студии. Ако се користи за тие повисоки нивоа, книгата може да се чита директно од вториот дел. Во третиот дел се нудат описи за разни примени во биохемиското инженерство како, на пример, во биопреработката и во медицината. На крајот од секое поглавје се дадени голем број работни примери како и некои задачи за „домашна работа“. Авторите со оваа книга навистина го потврдуваат своето реноме и даваат уште еден голем придонес во областа на биохемиското инженерство.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 1450 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Биохемиско инженерство: Учебник за инженери, хемичари и за биолози

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-266-3

1 оценка за Биохемиско инженерство: Учебник за инженери, хемичари и за биолози

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in