Биологија 7 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Биологија 7 - Збирка прашања и задачи со тестови и активности | Бр. на страни: 150 | Димензии: А4 | Корица: /

Ова издание претставува надополнување и проширување на новата предвидена програма по биологија за седмо одделение во основното образование донесена од Министерството за образование и наука на Р. Македонија, а во согласност со програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ. Збирката има за цел да го прошири знаењето на учениците и да ги подготви за наставните содржини по биологија во средното образование. Прашањата и задачите во оваа збирка имаат различни нивоа на сложеност, со што можат да се утврдуваат различните степени на знаење на ученикот (препознавање, сфаќање, примена, анализа, синтеза и евалуација). Воедно, бројните прашања и задачи во оваа збирка можат да послужат и за подготовка на учениците за различни тестирања и натпревари. Следејќи го редоследот на наставните цели од наставната програма, збирката се состои од неколку дела што опфаќаат повеќе теми организирани во логични целини. Темите зпочнуваат со прашања за повторување кои што треба да ги поттикнат учениците активно да се вклучат во содржините и да го продлабочат стекнатото тематското знаење. За секој тематски дел, дадени се тестови предвидени да го сумираат и оценат знаењето на учениците за одредени теми. Тестовите можат да служат за подготовка на учениците за тестирање, но и како помош на наставниците за подготвување на часовите за оценување. Дадени се примери и за полугодишни и годишни тестови. На крајот од збирката, наведени се активности и експерименти за поттикнување на критичкото размислување кај учениците и примената на стекнатите знаења, паралелно со научно-истражувачките вештини.

Цена: 300 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Биологија 7 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности

Категории: ,
ИСБН: 978-608-247-914-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Биологија 7 – Збирка прашања и задачи со тестови и активности”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in